Поврзете се со нас

Германија

Левандовски доби незгодни провокации од трибините на „Сигнал Идуна Парк“ (Видео)

Објавено

на

Екипата на Баерн Минхен славеше победа во драматичната дерби пресметка против Борусија Дортмунд која на крајот заврши со 3:2 во корист на „баварците“.

Избраниците на Јулијан Нагелсман повторно на теренот беа предводени од Роберт Левандовски кој постигна два гола, меѓу кои и конечниот во 77. минута за победа на својот сегашен тим.

Полјакот пред да премине во Баерн Минхен настапуваше за Борусија Дортмунд, а таквото предавство навивачите се уште не му го заборавиле.

Токму затоа, од гледалиштето постојано се слушаа провокации на адреса на Левандовски кои најгласни беа во самиот финиш на средбата кога тој изведуваше слободен удар.

Имено, голем дел од публиката кога Левандовски ја имаше топката во себе го скандираше името на Меси, алудирајќи на неодамна завршената церемонија за доделување на Златната топка која ја доби Аргентинецот токму пред Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни