Поврзете се со нас

Италија

Ѓошевски: Елмас е дијамант, Македонија никогаш немала играч како него

Објавено

на

Елиф Елмас е еден од нашите најдобри фудбалери, а посебно импресионира со настапите во репрезентацијата каде со своите потези, визија на теренот, борбеност придонесува да имаме одлични резултати.

Последниот негов блесок беше против Германија каде беше стрелец на погодокот вреден три бода во Дуизбург, погодок за 2-1 и историска победа на Македонија против повеќекратниот европски и светски шампион.

Ова секако е уште една потврда дека неговара кариера се движи во посакуван правец, кариера во која голема улога има неговиот татко Џеват како и поранешниот македонски репрезентативец и сегашен агент, Никола Ѓошевски.

-Ова е најдобрата генерација во историјата на Македонија. За првпат во историјата се пласиравме на Европско првенство. Елмас е нашиот дијамант, никогаш не сме имале играч како него, еден од најдобрите на светот во својата генерација. Ние знаеме дека со неговиот квалитет еден ден може да биде дел од најдобрите тимови во Европа, -истакна Ѓошевски за „Калчомеркато“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни