Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Џеко за поразот од Ливерпул: Потфрливме онаму кадешто сме најсилни

Објавено

на

Ливерпул испрати два директни шута кон голот на Интер оваа вечер, но и двата завршија зад грбот на Самир Хандановиќ, што прави англискиот тим да има огромна предност пред реванш осминафиналето во Лигата на шампионите.

Иако правилото за гол на гостински терен веќе не се применува во најелитното натпреварување, факт е дека Интер ќе мора да постигне три гола на „Енфилд Роуд“ за да се пласира во четвртфиналето, што прави работите да бидат исклучително тешки за тимот на Инѕаги, особено ако се знае дека вечерва ниту еднаш не го тестираа Алисон.

Интер имаше свои шанси, но ниту еднаш не испрати директен удар кон голот и на крајот беше казнет од два прекини по кои прими два гола.

– Единственото нешто што недостауваше вечерва беше да победиме. Игравме навистина добро 65 минути, имавме шанси и не му дозволивме ништо на еден од најдобрите тимови во Европа. Вистинска штета е што потфрливме онаму кадешто сме најсилни, примивме гол од корнер.

– Сепак, така е против најсилните тимови во Европа, ако не ги искористите вашите полуприлики, следи казна на спротивната страна. ДАдовме се од себе, но не беше доволно. Треба да излеземе со подигнати глави бидејќи знаеме дека дадовме се што имавме. Ќе се бориме до крајот на реваншот, ова не е поволен резултат за нас, но ќе видиме што ќе донесе вториот меч, – изјави Џеко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни