Поврзете се со нас

Репрезентација

Доби повик од Милевски: Напаѓачот Даци е во комбинација за настап за дуелите со Украина и Ерменија

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација има два натпревари во наредниот период, првиот против Украина во квалификациите за Европското првенство и вториот пријателски против Ерменија во Струмица, дуели за кои селекторот Благоја Милевски се реши да повика уште еден играч.

Се работи за напаѓачот на белгискиот прволигаш Вестерло, Ердон Даци кој полека се враќа во ритам по паузата поради повреда. Даци запиша асистенција против Генк, додека вчера беше стрелец на победничкиот гол против Кортријк.

Даци му донесе победа на Вестерло

Средбата со Украина е закажана за 14. октомври од 15 часот, а онаа со Ерменците ќе се се одигра на 17 октомври исто од 15 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни