Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан: Не знаеме дали ќе играме на домашен терен, Ливерпул посебно ќе не предизвика во едно поле!

Објавено

на

Четвртфиналната ждрепка за Лигата на шампионите ни донесе две супер-битки на фудбалски великани, а една е онаа меѓу најтрофејниот клуб во ова натпреварување и најтрофејниот клуб од Англија во елитата.

Реал Мадрид и Ливерпул ќе ги одмерат силите во големото европско дерби на двете закажани четвртфинални пресметки во месец април, па иако Зидан на денешниот прес се обидуваше да нагласи дека единствено е фокусиран на Селта Виго и претстојниот натпревар со тимот од Галиција во Примера, сепак даде одговор и за дуелите со англискиот првак.

– Знаеме какви потешкотии може да имаме во оваа фаза од натпреварувањето. Ќе биде многу напорно, ќе имаме сериозен предизвик, особено на физички план, Ливерпул ќе не доведе до лимит на тоа поле.

– Сепак, има уште многу време до тие два натпревари и нема да кажам дали имавме добар, или лош ждреб. Никогаш нема да кажам такво нешто, – изјави Зидан.

Што се однесува до пресметката на домашен терен, засега неизвесно е дали Реал Мадрид ќе може да игра на домашен терен, бидејќи шпанската влада во овој момент има воведно рестрикции според кои им се забранува влез на луѓе од Британија поради состојбата со коронавирусот.

– Се уште не знаеме дали ќе можеме да играме на домашен терен. Се надеваме дека ќе можеме да играме тука, но ако не ни дозволат, ќе играме кадешто ќе ни кажат, – изјави Зизу во врска со забраната на шпанската влада која е важечка до 30-ти март, а засега не се знае дали ќе биде продолжена.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни