Поврзете се со нас

АТП

Виландер: Само еден играч може да го загрози Ѓоковиќ на Вимблдон, а тоа не е Федерер

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ вчера се пласираше во своето 50-то четвртфинале на грен слем турнирите, а од друга страна пак, Рожер Федерер постави рекорд и стана највозрасниот тенисер кој се пласирал во оваа рунда на Вимблдон.

Иако му даваа доста мали шанси да се најде во втората недела на Вимблдон поради неуверливата форма и двете операции на коленото, Федерер успеа да мине уште еден тежок испит против Сонего и се пласираше меѓу осумте најдобри на турнирот кој го има освоено осум пати во кариерата, но задоволителната игра во осминафиналето не е причина да се смета за прв, ниту за втор фаворит за освојување на титулата.

Новак Ѓоковиќ е апсолутен фаворит според сите параметри и најави, а легендарниот Матс Виландер смета дека Федерер оваа година не е неговата најголема закана.

– Во горниот дел од ждребот во кој е Новак, не гледам кој би можел да го задржи и да му ја заниша самодовербата. Не гледам кој би го сопрел да стигне до финалето на Вимблдон.

– Во вториот дел од костурот добивам впечаток дека секој играч може да дојде до финалето, но сметам дека само еден играч може да му направи проблеми на Ѓоковиќ. Тоа е Медведев поради неговата стабилна игра и прецизни удари. Сепак, тоа треба да го докаже на теренот, има долг пат до финалето, – изјави Виландер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни