Поврзете се со нас

Италија

Виери: Лукаку? Само еден играч во светот може да направи разлика во голем тим

Објавено

на

Кристијан Виери е напаѓач кој во својата кариера промени нависитна многу клубови, па поради тоа не се дрзнува да им суди на фудбалерите кои носат тешки и непопуларни одлуки во кариерите.

Популарниот Бобо во повеќе наврати стоеше во одбрана на Ромелу Лукаку и го посочуваше како идеален центарфор за Интер, но откако Белгиецот ги предаде „нераѕурите“ со преговорите со Јувентус, најголем дел од „нераѕурите“ веќе не сакаат да слушнат за напаѓачот.

Виери не го напаѓа Лукаку и вели дека тој е слободен самиот да прави избор, но од друга страна, потенцира дека Интер ќе мора да купи друг напаѓач по заминувањата на Ромелу и Един Џеко.

– Лукаку? Никогаш не судам за такви потези, секој прави што сака, а потоа го нема во јавноста одредено време. Јас никогаш нема да судам, но клубот истовремено знае што треба да направи. Од тоа што го знам, Интер му ги затвори вратите на Лукаку, но мора да купи друг напаѓач. Тирам е млад и добар, но Интер му недостасува класичен центарфор, – вели Виери и додава.

– Јувентус нема да добие многу со Лукаку, Јуве мора да почне да игра фудбал. На Јувентус не му се потребни имиња, потребно е да игра подобар фудбал. Има само еден играч во светот кој може да направи разлика во еден тим, а тоа е Аргентинецот кој заврши во Интер Мајами, – изјави Бобо, алудирајќи на Лео Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни