Поврзете се со нас

Шпанија

Утврден терминот за големото „Ел Класико“ дерби на почетокот на месец април (Фото)

Објавено

на

По комплетирањето на претстојното 28-мо коло во шпанската Примера претстојниов викенд, ќе следи двенеделна пауза поради репрезентативните обврски кои ќе ги имаат играчите, а враќањето на клупскиот фудбал на Пиринеите ќе донесе огромни возбудувања во месец април.

Во фокусот секако е ставен 10-ти април за кога е закажано огромното „Ел Класико“ дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона, кое ќе претставува директна битка за титулата во Ла Лига, особено во ситуација кога Атлетико Мадрид влезе во криза и им овозможи на двата моќни тима да се вратат во игра.

Денеска беше утврден терминот и беше соопштедно дека „Ел Класико“ дербито на „Алфредо Ди Стефано“ ќе се игра во сабота на 10-ти април во ударниот ноќен термин од 21:00 часот од рамките од 30-то коло.

Во истата рунда, Атлетико Мадрид ќе игра против Бетис во Андалузија, а една седмица претходно, тимот на Диего Симеоне ќе има тешко гостување и кај Севилја.

Пред да се соочат меѓусебно, Реал Мадрид ќе одигра натпрвари против Селта Виго  и Еибар, додека Барселона овој викенд игра против Реал Сосиедад, а пред „Ел Класико“ пресметката има дуел со Валјадолид на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни