Поврзете се со нас

Англија

Тухел се подготвува за важно заминување: Не ни се допаѓа, но тоа е сериозна опција

Објавено

на

Челси се соочува со турбулентен период и за очекување е да има структурални промени во клубот, кои носат проблем и на актуелните случувања кога се во прашање фудбалерите кои се во последните месеци од договорите.

Антонио Ридигер, Сезар Аспиликуета и Андреас Кристенсен се слободни да преговараат со било кој клуб и да потпишат договор пред истекот на оваа сезона, а се чини дека најблиску до такво нешто е Данецот кој сериозно се поврзува со трансфер на „Камп Ноу“.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Кристенсен дал збор и се согласил да стави потпис на долгогодишен договор со Барселона, можно сценарио кое денеска отворено го коментираше и Томас Тухел.

– Секако дека ги слушаме гласините кои доаѓаат од страна и не сме задоволни од тоа. Сепак, тој нема потпишано со нас и треба да мислиме на тоа дека може да си замине. Тоа е нешто што не ни се допаѓа на мене и на клубот, но тоа е опција. Тој е во клучна фаза во својата кариера, сметаме дека може да се развива во Челси, но немаме никаков одговор од негова страна.

– Без оглед како ќе се одвиваат работите, ќе го сметам за играч плус во тимот до последниот ден од актуелниот договор. Нема да носам лични одлуки поради оваа тема, ќе направиме да го даде најдоброто за нас до крајот на договорот, до тогаш тој е играч на Челси, – вели Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни