Поврзете се со нас

Англија

Три клуба заинтересирани за Шешко, играчот нема да брза со одлуката

Објавено

на

Три клуба биле заинтересирани за ангажман на супер талентираниот напаѓач на Ред Бул Салцбург, Бенџамин Шешко.

Словенечкиот репрезентативец со своите игри во австрискиот клуб го привлече вниманието на големите европски клубови кои во него гледаат светла перспектива за во иднина.

Шешко веќе се нарекува „новиот Халанд“ поради фактот дека игра во истиот тим во кој Халанд се претстави на европската сцена, Ред Бул Салцбург.

Манчестер Јунајтед е најзагреан за ангажман на играчот, но засега тешко оделе преговорите затоа што Австријците барале превисока оштета, нешто што „ѓаволите“ одбивале да го платат.

Освен Јунајтед, интерес за Шешко имало и од Ливерпул и од ПСЖ од каде исто така може фианнсиски да се „натпреваруваат“ со Манчестер Јунајтед и лесно да го „украдат“ напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни