Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг за реакцијата на Роналдо: Ниту еден играч не е среќен…(ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Манчестер Јунајтед утре ја очекува тежок меч против Тотенхем, меч на кој домаќините ќе бараат позитивен резултат против тимот кој сезонава е подобар од нив во оваа сезона и се наоѓа на третото место.

Јунајтед на последните мечеви има проблеми со реализацијата, па така против Омонија даде еден гол, додека против Њукасл ниту еднаш не ја затресе мрежата на Поуп. Многу важен фактор околу погодоците може да биде Кристијано Роналдо кој не беше задоволен од тоа што беше повлечен на минатиот лигашки меч, но тренерот Ерик Тен Хаг не гледа никаков проблем во неговата реакција.

-Мислам дека ниту еден играч не е среќен кога е заменет, а особено не Роналдо, тоа го разбирам тоа. Се додека тоа е направено на сосема нормален начин, немам проблем со тоа. Тој секако е убеден дека треба да остане и да постигне гол. Затоа е толку добар, -истакна холандскиот струњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни