Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг оди на дербито со Арсенал без клучен играч во стартниот тим: Минатиот пат ги победивме без него

Објавено

на

Ноќта на „Селхрст парк“ се претвори во кошмарна за Ерик Тен Хаг во последните 10 минути, бидејќи најпрво го загуби Касемиро за дербито со Арсенал, а потоа гледаше како Кристал Палас освојува бод во судиското продолжение.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед не можеше да замисли полош крај на средбата со Кристал Палас, но сето тоа сега го остава зад себе и се насочува кон она што следи, а тоа е голема дерби пресметка.

Разиграниот Арсенал како лидер на табелата ќе го пречека Јунајтед во Северен Лондон, тимот од кој го претрпе првиот и единствен пораз во Премиер лигата оваа сезона.

Добра вест за домаќините сигурно ќе биде тоа што Тен Хаг нема да смета на Касемиро кој се претвори во клучен играч во стартната постава, но гостите сметаат дека се доволно опасни за победа и три бода и без Бразилецот.

– Го победивме Арсенал минатиот пат без Касемиро во тимот. Имаме идеја како да излеземе и како да се носиме со нив и без Касемиро. Ќе мора да го надополниме неговото отсуство. Очигледно е дека Арсенал е во врвна форма и заслужуваат да бидат на местото на кое се во моментов. Имаат навистина добра структура, веќе се изградени како тим и внесоа победнички менталитет.

– Поради тоа се на врвот на табелата, но наше е да излеземе на теренот, да се спротивставиме и да се обидеме да ја сопреме нивната серија. Тие дури се подобри од првиот меч на кој се сретнавме, знаеме дека мораме да бидеме многу добри на теренот. Ако го испочитуваме тоа што ќе се договориме, мислам дека имаме шанси за добар резултат, – порача Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни