Поврзете се со нас

Свет

Талески и Бенфика ќе се борат за трофејот во Суперкупот на Португалија

Објавено

на

Бенфика на Филип Талески ќе игра во завршниот меч за трофејот во Суперкупот на Португалија.

Талески и соиграчите ја оправдаа улогата на фаворити и во полуфиналето славеа над Мадеира со 37:31. Првиот дел мина во изедначена игра и Бенфика на пауза отиде со плус еден (17:16), додека во второто полувреме избраниците на Хота Гонзалес беа подоминатни и со 20:15 го потврдија пласманот во големото финале.

Македонскиот репрезентативец Талески беше автор на три гола, најефикасен беше Рамел со единаесет реализиции.

Ривал во борбата за титулата ќе им биде Спортинг кој ја доби драмата со Порто на Никола Митревски со 35:34.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни