Поврзете се со нас

Европски купови

Талески го виде најбизарниот гол во историјата на ракометот, играчите се фаќаа за глава (ВИДЕО)

Објавено

на

Бенфика и Рајн Некар Левен имаа соочување во Европската лига на ЕХФ, дерби средба која му припадна на бундеслигашот со 36:35.

Освен по драмата и големиот број на погододи, овој дуел ќе остана запаметен и по еден погодок кој дефинитивно е најчуден, најбизарен во 2023 година, а можеби и во историјата на ракометот.

Имено соиграчот на нашиот Филип Талески, Мигуел Санчез-Мигалјон Наранхо тргна во контра при која ја „скрши“ гредата од голот на „лавовите“, поточно топката летна високо нагоре, голманот Бирлехм не се снајде најдобро во таа ситуација, немаше добра ориентација и топката од неговата глава заврши во мрежата.

Неговите соиграчи на клупата се фаќаа за глава што доволно говори дека видовме погодок кој ќе се врти и во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни