Поврзете се со нас

АТП

Светскиот рекет број еден има слаба точка: Алкарас втора година по ред загуби од ист ривал во Канада (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/NBOtoronto/PeterMPower

Карлос Алкарас успеа да се протне во претходните две рунди на Мастерсот во Торонто и покрај тоа што не играше најдобар тенис, но во четвртфиналето сепак немаше спас за светскиот рекет број еден кој и овојпат беше далеку од нивото на Вимблдон.

Младиот Шпанец со најновото издание покажа дека има една слаба точка кога се во прашање ривалите на АТП турот, бидејќи втора година по ред загуби од ист противник во Канада.

Ако минатата година беше елиминиран во Монтреал од Томи Пол, сега истиот тенисер успеа да најде решение за Карлитос и во Торонто, па така води 2:1 во меѓусебните пресметки со најдобриот играч во светот.

Алкарас беше доста нервозен во мечот кој го почна на најлош можен начин со загубен свој сервис, а Томи Пол направи и двоен брејк во првиот сет, пред да слави со 6:3.

Во вториот сет, Алкарас успеа да покаже дел од својот најдобар репертоар и израмни на 1:1 (6:4), но кога дојде моментот на одлука, повторно потфрли како пред една година против Пол.

Американецот беше поагресивен и доволен му беше брејкот на средината на одлучувачкиот сет за голема предност, која потоа ја комплетираше со победа од 6:3. Пол со ова се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Торонто, каде ривал ќе му биде Италијанецот Синер. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Де Минор и Давидович Фокина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни