Поврзете се со нас

Светски првенства

Србија ја уништи Литванија и дојде до првиот полуфинален билет на СП

Објавено

на

Репрезентацијата на Србија е првиот полуфиналист на Светското првенство и тоа откако во првиот денешен меч ја разби Литванија со 87-68.

Литванците влегоа во овој дуел со 5-0 на Мундобаскетот, полни со самодоверба со оглед на тоа што во преходната рунда ги совладаа и Американците, но тоа не им помогна против расположените српски играчи и тренерот Пешиќ кој имаше поставено фантастична тактика.

Литванија го доби првиот период со 25-24, ама потоа почна доминацијата на Србите кои одиграа квалитетно до паузата и на одмор заминаа со плус 11 (49-38). Истата слика ја видовме и во третиот период во кој нашите северни соседи беа далеку подобри и веќе тука се виде дека победата ќе заврши во нивни раце.

Завршните 10 минути беа израмнети што значеше дека момците на Пешиќ одат понатаму, полуфиналето во кое ќе играат со подобриот од Канада-Словенија.

Богдановиќ со 21 и Петрушев со 17 кошеви беа најефикасни играчи, додека кај поразените прв стрелец беше Седекерскис со 14 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни