Поврзете се со нас

Шпанија

„Спорт“ најави нов трансфер на „Камп Ноу“: Чави по Дани Алвеш сака да врати уште еден играч

Објавено

на

Каталонскиот весник „Спорт“ во своето вчерашно издание објави дека новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез во клубот сака да врати уште еден поранешен играч.

Откако повлече неочекуван потег и во клубот го врати искусниот Дани Алвеш, сега Чави сака дресот на Барселона повторно да го облече Тијаго Алкантара.

Играчот од средниот ред во моментов настапува во Ливерпул каде не се снаоѓа баш најдобро по неговиот трансфер од Баерн Минхен.

Тијаго си замина од Барселона уште во 2013 година кога направи трансфер во германскиот гигант каде што собра над сто настапи и беше еден од најдобрите играчи, посебно во времето кога Гвардиола беше на чело на клубот.

Сега Чави го гледа Тијаго како идеално решение за подобрување на средината на теренот која и не е во така добра состојба и покрај тоа што на таа позиција играат неколку познати и признати имиња како Бускетс и Де Јонг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни