Поврзете се со нас

Свет

Спектакл во Стокхолм: Ибрахимовиќ на својот проштален меч ќе игра против Србија

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Златан Ибрахимовиќ ќе остане запаметен како еден од најдобрите напаѓачи во последните две децении, но минатата година немаше можност да се прости од фудаблот онака како што доликува.

Тешката повреда го натера Ибра да стави крај на кариерата и да се префрли во директорските води, а сега како член на важна функција во Милан успеал да си договори и проштален меч од селекцијата чии бои ги бранеше од стартот на кариерата.

Златан беше симбол за жолтиот дрес на Шведска, но поради своите балкански корени, сега донел одлука својот проштален натпревар да го одигра во Стокхолм против репрезентацијата на Србија.

Оваа информација ексклузивно ја пренесе Управниот Одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија, од каде пристигна вест дека Златан ќе го одигра последниот меч на пријателската на 8-ми јуни.

– Посебно не импонира фактот што на натпреварот во Стокхолм, својот проштален меч од активното играње фудбал ќе ја има ѕвездата на европскиот и светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ, – порачуваат од ФСС.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни