Поврзете се со нас

Италија

Спалети му одговори на Алегри: Не може да ме измами со лажна брада

Објавено

на

Новата 18-та рунда во Серија А ќе биде отворена со големо дерби на „Диего Армандо Марадона“, стадион на кој копјата ќе ги вкрстат двата најдобро пласирани тима на табелата.

Наполи влегува во пресметката како лидер во Серија А со седум бода предност пред Јувентус, но второпласираниот тим на Алегри е во сериозен налет и има осум победи во низа во домашното првенство.

На тие осум средби, Јувентус не прими ниту еден гол и покажа завидна игра во одбрана, но според Алегри, тоа е недоволно за да се влезе како фаворит во дуелот со Наполи.

Макс на денешниот прес одново нагласи дека главен приоритет на Јуве е топ четири на крајот од сезоната, потенцирајќи дека главен фаворит за титулата е токму Наполи.

– Разбирам дека е најпогодно за Алегри е да помине како спореден игра , но за Јуве секогаш исполнет со шампиони, невозможно е да се сокријат од улогата на фаворит.

– Одредени инвестиции се исплаќаат само со играње за победа во Скудетото и Лигата на шампионите. Џабе е да се криете со капа или со лажна брада, едноставно не постои четврто место кое ќе го задоволи Јувентус, – одговори Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни