Поврзете се со нас

Англија

Солскјер го потврди името на фудбалерот кој ќе биде конкуренција на Ван Бисака за десната бековска позиција

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на прес конференцијата пред натпреварот со Милан го потврди името на играчот кој ќе биде конкуренција на Арон Ван Бисака за десната бековска позиција следната сезона.

Манчестер Јунајтед се поврзува со ангажман на Макс Аронс и Кјеран Трипие кои треба да бидат конкуренција за Ван Бисака кој во моментов е единствен десен бек на „Олд Трафорд“, меѓутоа Солскјер посочи дека во борба за минутажа со младиот фудбалер в година треба да биде Диого Дало.

Португалецот игра одлична сезона во дресот на Милан, следниот противник на „ѓаволите“, а Солскјер пред возвратната средба посочи дека ќе смета на Дало за следната сезона.

– Планот уште од почетокот за Диого беше оваа сезона да остане фит. Никогаш не беше фит цела сезона додека беше кај нас и немаше среќа со повредите. Сега е здрав цела сезона и е слободен да игра за МИлан. Тој игра во голем клуб со големи очекувања и огромна историја. Ова е одлична година за него.

– Па, секако дека го следам и сум задоволен со напредокот кој го постигна оваа сезона. Тој е наш играч и очекуваме да го видиме назад во нашиот тим, -изјави Солскјер.

Дало направи транфер во Манчестер Јунајтед во 2018 година и од тогаш за клубот има настапено на 35 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни