Поврзете се со нас

Свет

Скалони: Треба да уживаме со Меси, тој е најдобриот играч на сите времиња

Објавено

на

Аргентина избори место меѓу четирите најдобри на овогодишеното издание на Копа Америка, а за тоа дефинитивно најголема заслуга има Лионел Меси.

Капитенот на „гаучосите“ го игра овој турнир на навистина високо ниво, па така само на последниот меч против Еквадор (3-0) тој беше автор на две асистенции и мајсторски погодок од слободен удар.

Ваквите негови изданија и секако на репрезентацијата даваат надеж дека конечно ќе може да дојде до голем трофеј со националниот тим нешто што му фали во биографијата, кариерата. Селекторот Лионел Скалони е презадоволен од тоа што Меси го дава на теренот, играч кој според него е најдобар во историјата на фудбалот.

-Најдоброто нешто што може да ни се случи како љубители на фудбалот е да уживаме во Меси. Мислам дека дури и неговите противници уживаат во него, зборуваме за најдобриот играч на сите времиња, -порача Скалони.

Аргентина во полуфиналето ќе се соочи со Колумбија, селекција која во претходната рунда беше подобра од Уругвај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни