Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сите зборуваат за Мбапе, но Нејмар испофали друг соиграч: Сега сфатив дека тој е спектакуларен

Објавено

на

Килијан Мбапе го украде шоуто со фантастичниот гол кој го постигна длабоко во судиското надополнување против Реал Мадрид, но покрај заслужените пофалби за Французинот, нависитна вреди да се истакне уште едно име од средбата на „Паркот на принцовите“.

Бразилецот Нејмар кој се врати од повреда имаше улога на асистент во голот за победа од 1:0, но според повратникот во тимот на ПСЖ, покрај Мбапе, клучен фактор изиграл и човекот кој издоминира на средниот ред.

Италијанецот Марко Верати имаше сензационална претстава во везниот ред и ги доби дуелите со Модриќ, Крос и Касемиро, поради што Нејмар го вметна својот соиграч во избрано друштво.

– Веќе знаев деак е извонреден играч, но сега сфатив дека тој е спектакуларен. Се до денеска не забележав дека тој всушност е спектакуларен.

– Верати е фудбалски гениј, еден од најдобрите везни фудбалери со кои сум играл во кариерата заедно со Чави и Иниеста, – потенира Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни