Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шок за Жесус уште на стартот: ПАОК ја остави Бенфика без ЛШ (Видео)

Објавено

на

Новата натпреварувачка сезона за Бенфика стартуваше на најлош можен начин, бидејќи составот од Лисабон оваа вечер доживеа болна елиминација и нема да го гледаме во Лигата на шампионите.

Португалскиот великан имаше огромни амбиции со повратниот Жорже Жесус на клупата, но искусниот тренер доживеа шок уште во прелиминарната рунда во најелитното европско натпреварување.

ПАОК играше на домашен терен пред празни трибини, но грчкиот тим на најдобар можен начин ги искористи своите шанси и постигна два гола во вториот дел.

Џанулис во 63-та минута погоди за 1:0, а Андрија Живковиќ беше играчот кој му пресуди на својот довчерашен тим. Напаѓачот направи трансфер од Бенфика ова лето, а судбината посака брзо да му се одмазди на бившиот клуб за тоа лесно што се откажа од него.

Живковиќ стрелаше за 2:0 на 15 минути пред крајот, а во судиското надополнување, Силва постигна само почесен гол за Бенфика.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни