Поврзете се со нас

Италија

Саки откри дека Гвардиола барал совет од него во ноември

Објавено

на

Поранешниот италијански фудбалски тренер, Ариго Саки, откри дека добил повик од Пеп Гвардиола, во моментите кога Манчестер Сити имаше проблеми оваа сезона.

Искусниот Саки вели дека тоа се случило во ноември, а Пеп побарал совет од него.

– Ми се јави во ноември, за време на најтешкиот период кој го имаше неговата екипа.

– Му посочив дека Сити веќе не притиска доволно високо со пресингот како порано, нешто што подоцна го променија. Пеп ги подобрува играчите со кои работи бидејќи им пренесува храброст и идеи, исто како што се случуваше во Милан кога јас бев тренер,- изјавил Саки.

Искусниот Италијанец признал дека досега одбил многу понуди и не планира да се врати во професијата.

– Ја одбив и понудата да станам технички директор на Монца. Силвио Берлускони ми се јави и ми понуди и вила на располагање, но јас реков „не“, – потенцира Саки кој освои два трофеја во Купот на европските шампиони и едно скудето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни