Поврзете се со нас

АТП

Руне без влакна на јазикот: Дебатата за „GOAT“ е глупава…

Објавено

на

Еден од предводниците на новата генерација на тенисери, Холгер Руне даде свој став за дебатата за тоа кој е најголем ас на сите времиња.

Секогаш кога еден тенисер од Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал или сега веќе пензионираниот Рожер Федерер ќе освои/освоеше грен слем пехар се разговуваше дебатата, ставовите, па така беше и овојпат откако Ноле го освои Ролан Гарос.

-Според мене дебатата е глупава. Имаме тројца одлични играчи, секој има свој пат. Тие се огромна инспирација за сите генерации после нив, -порача директно талентираниот Руне кој е на шестото место на АТП листата.

Данецот воедно беше запрашан дали тој заедно со Карлос Алкарас и Јаник Синер можат да бидат новата „голема тројка“.

-Големата тројка значи 20-25 грен слемови. Рано е да се зборува за „големата тројка“ пред да почнеме редовно да победуваме на грен слемовите. Комплимент е тоа што луѓето го говорат, тоа е убаво, -рече Холгер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни