Поврзете се со нас

Свет

Ристевски во гол форма, Тричковски влезе и веднаш се запиша во листата на стрелците (Видео)

Објавено

на

Foto:facebook.com/AEKLARNACAOFFICIAL

Двајца македонски фудбалери постигнаа голови на денешните натпревари кои се одиграа во кипарската фудбалска лига, со тоа што Ахна на Кире Ристевски забележа победа, а АЕК Ларнака на Иван Тричковски ремизираше на домашен терен.

Ристевски влезе во гол форма и на втор меч во низа се запиша во листата на стрелците, а денеска го најави триумфот на својот тим кој убедливо славеше над Закакиу со 4:1.

Македонскиот дефанзивец игра во одлична форма и ужива во довербата која ја добива од тренерот, па покрај тоа што ги одработува задачите во одбрана, се подобар е и во противничкиот шеснаестник.

За разлика од Ахна, АЕК Ларнака денеска ремизираше во дербито со АПОЕЛ на гостински терен, а Иван Тричковски доби шанса во последните 20-тина минути.

Тричко постигна гол веднаш по влегувањето во игра и израмни на 1:1, а натпреварот на крајот заврши 2:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни