Поврзете се со нас

Шпанија

Рики Пуч му се нуди на англиски премиерлигаш: Ако треба да си одам од Барселона…

Објавено

на

Рики Пуч како огромен талент од младинската школа на Барселона цела сезона беше дел од првиот тим, но мора да се напомене дека не доби вистинска шанса и постојано се наоѓаше во трет план кај тренерот Роналд Куман.

Холанѓанецот беше тој кој му препорача на Пуч дека најдобро за него ќе биде да замине на позајмица уште пред стартот на сезоната и јасно му стави до знаење дека ретко ќе биде во прв план, но младиот офанзивец реши да остане и покрај се и сега се надева дека следат подобри денови во новата сезона во која Куман одново ќе биде лидер на проектот.

Пуч има само 21 година и не смее да си дозволи уште една сезона во која нема редовно да игра фудбал, па запрашан за тоа каде би заминал доколку ја напушти саканата Барселона, тој го избра Манчестер Сити.

– Од сите тренери кои ги имав во Барселона, најдобар третман добив од Сетиен. Тој беше многу близок со мене и постојано ми помагаше. Навистина знае како треба да се однесува со млади фудбалери.

– Ако треба да си одам од Барселона, што не сакам да се случи, ќе го изберам Манчестер Сити. Тоа е поради стилот на игра и тренерот Гвардиола. Во овој момент јас мислам само на Барселона и немам план да си заминам од клубот кој го сакам, – вели Рики Пуч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни