Поврзете се со нас

Свет

Рикелме тврди дека Реал има фудбалски Федерер во својот стартен тим: Го завршува мечот и може да си оди дома без да се истушира!

Објавено

на

Foto:twitter.com/BocaJrsOficial

Реал Мадрид одново игра брилијатен фудбал и во ситуација кога се чинеше дека во шпанската престолнина ќе следи смена на генерација, а добрите претстави на избраниците на Карло Анчелети се предмет на анализа и во Аргентина.

„ТНТ Спортс“ го објави разговорот меѓу двајцата новинари и легендарниот Хуан Роман Рикелме, кој во своето излагање издвои тројца играчи на Реал од кои е навистина импресиониран.

– Ми се допаѓа играчот со број „5“ на Реал (Белингам), Англичанецот. Истото важи и за Тони Крос. За мене, Крос е фудбалски Федерер. Кога го гледате Крос, како да го гледате Федерер додека играше тенис. Може да игра со топката, го завршува мечот и потоа да си замине без да се истушира, тоа е неверојатна работа.

– Типот не се вознемирува, едноставно не се ни поти и тоа е неверојатно. Реал има многу играчи на врвно ниво и не може да се издвои само еден, – вели легендарниот Рикелме, кој смета дека Дани Каравахал е убедливо најпотценет играч во тимот на „кралевите“.

– Сигурно сите се прашуваме за одредени фудбалери кои не добиваат доволно пофалби за тоа што го прават. Таков пример е Карвахал, тој не го добива признанието кое го заслужува, а ќе биде еден од најважните бекови во историјата на Реал Мадрид. Тој е уникатен фудбалер во секој поглед, – потенцира Рикелме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни