Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Редондо за неповторливиот дриблинг на „Олд Трафорд“: Му се налутив на Раул по погодокот (Видео)

Објавено

на

Името на Фернандо Редондо се уште се врти во главите на повозрасните фановите на Реал Мадрид и сите се сеќаваат на неговата незаборавна акција од „Олд Трафорд“, кога неверојатниот фудбалски виртуоз од Аргентина изрежира епски дриблинг на театарот на соништата.

Пред точно 20 години, во четвртфиналето во Лигата на шампионите, Редондо на бравурозен начин го издрибла противникот и му намести гол на Раул Гонзалес, легендарниот напаѓач на Реал Мадрид кој имаше една од најлесните реализации во својата кариера.

Фантастичниот играч за врска кој имаше брилијантна креативност се погрижи за еден од најбравурозните дриблинзи во историјата на Лигата на шампионите, а сега на шега го искоментира незаборавниот момент и порача дека првично му се налутил на Раул бидејќи не го прославил погодокот со него.

– Тој ден му се налутив на Раул бидејќи не ме поздрави по асистенцијата со која му подарив гол, – низ смеа порачува Редондо во интервјуто за „Тик Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни