Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ постави ултиматум до градот Париз: Имате уште три месеци

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ веќе повеќе од десет години е во сопственост на катарски фонд и Насер Ал Келаифи е на челот на проектот, па иако веќе 13 години е претседател на клубот, тој се уште се мачи да го реши прашањето кое се отвори уште во првите неколку години.

„Светците“ немаат свој стадион и се уште го изнајмуваат „Паркот на принцовите“ од страна на градот Париз, но Арапите полека го губат трпението и сега поставија ултиматум до одговорните луѓе во престолнината.

ПСЖ сака да го откупи цел стадион и да го реновира на најдобар можен начин, а доколку целата продажба не се комплетира во наредните три месеци, Ал Келаифи најави дека клубот ќе си изгради нов стадион на друго место.

– Сега не сакаат да ни го продадат стадионот бидејќи сме Арапи. Знам дека звучи тажно, но тоа е вистината. Мора да го решиме проблемот во наредните три месеци. Ако не го решиме за три месеци, се откажуваме и си одиме од „Паркот на принцовите“. Имаме јасни планови, всушност имаме три планови.

– Не можеме вечно да ги чекаме. Беа подготвени за продажба, а сега не сакаат да го продадат. Ние имаме инвеститори кои не чекаат и нема да ги чекаме од градот уште многу. Имаме преддоговор за продажба, а сега ги комплицираат работите. Тоа е разочарувачки за нас и нашите фанови, – вели Ал Келаифи во интервјуто за „Лекип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни