Поврзете се со нас

Репрезентација

Први проблеми за Ангеловски: Двајца играчи отпаѓаат од листата на македонскиот селектор

Објавено

на

Европските клубови почнаа да размислуваат за опцијата „вето“ кога се во прашање интернационалните кои треба да се вратат во своите репрезентации во претстојниот период, а првите проблеми за македонскиот селектор Игор Ангеловски во пресрет на трите мундо-квалификации пристигнаа од Франција.

Французите одлучија дека нема да им дозволуваат на играчите да се враќаат во своите земји за да ги играат репрезентативните натпревари, па во таква ситуација отпадна Влатко Стојановски кој настапува во тимот на Шамбли.

Француските клубови им забранија на странците кои се надвор од Европската Унија да се враќаат во „опасните зони“, но покрај откажувањето на Стојановски, Ангеловски денеска дозна дека останува и без Ѓоко Зајков.

Македонскиот дефанзивец е еден од фудбалерите кои предизвикаа корона хаос во Шарлоа и денеска било утврдено дека и тој има позитивен Ковид тест, па јасно е дека Ангеловски ќе мора да се потпре на нов стопер, односно се поставува прашањето дали ќе повика дополнителни фудбалери во листата која веќе ја објави.

Ова се првите две официјални откажувања во период од 24 часа, но според најавите, не се исклучува можноста „зелено светло“ да не добијат и играчите од Италија, откако владата во оваа земја најави поригорозни рестриктивни мерки поради пандемијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни