Поврзете се со нас

Италија

Промена: Јувентус сега има друг план за Лукаку

Објавено

на

Ромелу Лукаку имаше отворен пат да направи перманентен трансфер во Интер и со тоа да ја продолжи приказната со составот од Милано, но се распадна целата операција, зделка откако „нероаѕурите“ забележаа дека напаѓачот игра, разговара и со Јувентус.

Сега на Белгиецот не му остануваат многу опции, па според медиумите една варијанта е преселба во Торино, а другата е трансфер во Саудиска Арабија.

Досегашните информации беа дека Јувентус ќе притиска за Ромелу само под услов да се ослободи од Душан Влаховиќ, меѓутоа сега „Калчомеркато“ пренесува дека ситуацијата е промената и дека тренерот Масимилијано Алгери го сака напаѓачот без разлика на статусот на Србинот.

Наводно проблемите на Душан со повредите го натерале Алегри да размислува на поинаков начин, меѓутоа прашање е како Јуве би можел да си го дозвои Лукаку ако во екипата е присутен и Влаховиќ.

Овој медиум ја споменува опцијата позајмица со право на откуп, но Челси своевремено веќе одби ваква понуда од Интер, поточно бара околу 40 милиони евра.

Останува да се види дали би можел да биде вклучен некој играч во зделката за да се реализира ваквото сценарио, Лукаку и Влаховиќ да ги гледаме заедно во Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни