Поврзете се со нас

Англија

Пред четири години ја освои Премиер лигата, сега е на проба во претпоследниот тим од Чемпионшип

Објавено

на

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и играч кој се уште е под договор со Лестер Сити, Дени Симпсон се соочува со огромни потешкотии во пронаоѓањето на клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.

34 годишниот фудбалер во моментов игра во у23 тимот на Лестер, клуб во кој се врати во јануари со надеж дека ќе ја одржи формата пред да направи трансфер во друг клуб.

Десниот бек кој беше незаменлив во сезоната во која Лестер ја освои титулата во Премиер лигата сега ќе оди на проба во претпоследнопласираниот тим од Чемпионшип  лигата, Шефилд Венсдеј.

Тимот од „Хилсборо“ тешко дека ќе обезбеди опстанок во второто по ранг натпреварување во Англија, но и покрај тоа не е подготвен да му понуди договор на Симпсон кој минатата сезона беше дел од Хадерсфилд Таун каде играше како позајмен фудбалер од Лестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни