Поврзете се со нас

Англија

Фергусон со специјален гест го изненадил Клоп пред последниот меч на „Енфилд“

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Јирген Клоп ја одржа последната прес-конференција како менаџер на Ливерпул во пресрет на еден натпревар во Премиер лигата, а денеска попладне Германецот ќе доживее многу емоции на прошталниот меч кој ќе го има на „Енфилд Роуд“.

Клоп ќе стави карј на своето незаборавно деветгодишно патување во клубот и ќе се збогува со навивачите на „Енфилд Роуд“, па поради тоа, Германецот откри дека имал навистина тешка и интензивна недела, во која имал безброј обврски кон играчите, кон колегите, но и кон газдите на клубот.

Во своето обраќање, Јирген откри дека бил пријатно изненаден и од Сер Алекс Фергусон, легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед кој решил да го повика Клоп на специјална вечера за достојно да го поздрави помладиот колега пред завршниот меч на домашен терен.

– Гестот на Фергусон беше навистина извонреден, – порача Клоп, кој ја потврди сторијата на медиумите дека навистина се сретнал со Шкотланѓанецот во изминатите неколку дена.

– Ова беше најинтензивната недела во мојот живот. Не мора да се преправаме дека се ќе биде нормално, бидејќи навистина нема да биде така. Јас сум прагматична личност, во четвртокот имавме скара со играчите и многу се забавувавме. Имаше многу емотивни моменти, не можам да се сетам колку дресови потпишав. Сето тоа е дел и подготовка за тоа што следи. Ќе биде тешко на последниот меч пред толку многу фанови. Никогаш не е лесно да се каже збогум, но кога се кажува збогум со солзи во очите, тоа значи дека времето минато заедно било добро. Ќе биде навистина тешко, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни