Поврзете се со нас

Англија

Навивачите приредија неверојатен пречек на автобусот на Ливерпул во чест на големиот Јирген (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Јирген Клоп ова попладне за последен пат ќе го води Ливерпул во својата тренерска кариера, па повеќе од јасно е дека на „Енфилд Роуд“ ќе има многу емоции за време на мечот, но и по крајот на истиот.

Конечниот епилог од натпреварот со Вулверхемптон дефинитивно е во втор план, а дека се ќе биде во знакот на Јирген најдобар доказ се сцените кои пристигнуваат од пред стадионот.

Навивачите на Ливерпул се погрижија за неверојатен пречек на автобусот во кој беше Јирген и неговите фудбалери, па сето ова е дополнително добра најава за она што следи.

Натпреварот ќе почне во терминот од 17:00 часот, а истовремено ќе стартуваа и сите останати девет натпревари во Премиер лигата, од кои два ќе бидат посебно интересни.

Во директна борба за титулата, Манчестер Сити и Арсенал играат против Вест Хем и Евертон, па некаде околу 19:00 часот ќе ја дознаеме разврската околу новиот шампион во Англија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни