Поврзете се со нас

Свет

Постои напаѓач во Европа кој го импресионира и Левандовски: Ги доминира сите аспекти како модерен голгетер

Објавено

на

Роберт Левандовски ги урна сите рекорди во германскиот фудбал кога се головите во прашање и важи за еден од најдобрите голгетери кои некогаш заиграле во Бундеслигата, за што доказ се и последните признанија кои ги доби од страна на ФИФА.

Две години во низа, Полјакот е избиран за најдобар светски играч од страна на Светската фудаблската Федерација и тоа најдобро говори за каков играч станува збор, но како играч кој често знаеше да се наоѓа во втор план за време на индивидуалните церемонии, реши да издвои еден фудбалер на кој посебно му се воодушевува.

Во интервјуто за „Лекип“, популарниот Леви не штедеше комплименти за првиот напаѓач на Реал Мадрид, извонредниот Карим Бензема кој и оваа година се најде во втор план при изборите на ФИФА и „Франс Фудбал“.

– Бензема е играчот кој ме импресионира, постојано постигнува голови. Тој е голгетер кој секогаш во прв план го става колективот, а истовремено ги доминира сите аспекти на модерен напаѓач. Сака да им асистира на соиграчи, отвора простор за нив и сметам дека Реал Мадрид му должи многу на Карим. Секоја сезона е тука за нив и само се подобрува. Во последно време е се подобар и подобар и тоа е импресивно.

– Исто како и мене, и тој сака да ги проигрува своите соиграчи и секогаш ги бара на теренот. Ми се допаѓаат неговите движења со кои остава простор за соиграчите. Карим е многу интелигентен играч, не знам каков е надвор од теренот, но изгледа како личност која сака постојано да се подобрува, – вели Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни