Поврзете се со нас

Англија

Португалецот доби одговор: Покетино донел одлука за иднината на Жоао Феликс во Челси

Објавено

на

Маурисио Покетино од наредната сезона седнува на клупата на премиерлигашот Челси каде мора да донесе доста важни, клучни одлуки со оглед на катастрофалната кампања што ја имаа „сините“ од Лондон.

Аргентинецот мора да го скрати тимот кој е прекуброен, да знае точно на кои играчи ќе смета, играчи кои ќе му бидат на располагање за остварување на целите. Тој веќе донел една одлука и тоа за иднината на Жоао Феликс кој од почетокот на годинава настапува за премиерлигашот како позајмен играч од Атлетико Мадрид.

Челси имаше опција да го откупи неговиот договор, но Покетино решил дека нема потреба толкави средства да се вложат за услугите на португалскиот репрезентативец.

-Вчера добивме информација дека новиот тренер на Челси не го сака Феликс. Тоа го знаеме помалку од 24 часа. Ќе се врати тука и ќе видиме. Немаме ништо планирано, -истакна претседателот на Атлетико, Енрико Серезо.

Феликс има договор со Атлетико до 2027 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни