Поврзете се со нас

АБА лига

По една деценија се врати дома: Цедевита Олимпија се засили со репрезентативец на Словенија

Објавено

на

foto:twitter.com/KKCedOL

Екипата на Цедевита Олимпија игра во променлива форма, ритам во актуелнава сезона, па „зелено-белите“ решија да се активираат на пазарот каде договорија квалитетно засилување.

Нов член на составот од Љубљана е словенечкиот репрезентативец, Клемен Препелиќ кој се враќа во оваа средина скоро по една деценија.

Последниот ангажман на Клемен беше во шпанска Валенсија, а претходно има искуство со настапи во Шпанија, Франција, Германија, Турција, има настапи во европските купови, редовен е и во националниот тим и дефинитивно ќе биде од голема помош за Цедевита Олимпија додека го носи овој дрес.

Договорот му е до крајот на оваа календарска година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни