Поврзете се со нас

Англија

Пети со трансфер предлог до Абрамович: Тој е најдобар одговор за Јунајтед и Сити

Објавено

на

Манчестер Јунајтед го договори и го најави трансферот на Џејдон Санчо, во овој момент работи и на ангажманот на Рафаел Варан, додека од другата страна на градот, Манчестер Сити подготвува спектакуларни понуди за Хари Кејн и Џек Грилиш по крајот на Европското првенство.

Ова се последните доверливи информации кои во изминатите неколку дена доаѓаат од Островот, а кои го натераа легендарниот Емануел Пети да испрати препорака до еден од неговите омилени клубови во Премиер лигата. Легендарниот Французин ја освои светската титула во 1998-ма година и после тоа три години беше член на Челси, клуб до кој сега испрати трансфер совет за значително подобрување на ростерот.

Пети смета дека бомбастичен ангажман на Ерлинг Халанд ќе биде најдобар одговор за амбициозните и атрактивни засилувања на двата клуба од Манчестер, а со тоа, Челси би можел да се бори и за титулата во Премиер лигата.

– Ќе се обидам да звучам едноставно. Оливие Жиру е на прагот од заминување, Ејбрахам најверојатно си оди на позајмица, а Тимо Вернер се уште се мачи да постигнува голови. Од друга страна, Каи Хаверц не е напаѓач, – започнува Пети за „Пади Пауер“ и додава.

– На Челси му е потребен нов напаѓач и тоа е некој што постигнува многу голови. Ерлинг Халанд е одговорот. Тој е силен, можен и млад и има светла иднина пред себе. Халанд веќе е на високо ниво, а конекцијата со Тухел може да го направи уште подобар, – завршува Пети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни