Поврзете се со нас

Конференциска лига

Партизан шокиран од Шериф во Белград, Тричковски и АЕК Ларнака обезбедија осминафинале

Објавено

на

Екипата на Партизан доживеа елиминација од Конференциската лига на УЕФА и тоа откако вечерва загуби од Шериф Тираспол со 3-1.

„Црно-белите“ го дочекаа овој меч со предност (1-0) која ја остварија на теренот на противникот, но денеска беа надиграни во Белград и со тоа го завршија настапот во ова натпреварување. Се започна добро за домаќинот кој повеќе преку Мениг, меѓутоа Бадоло и Диоп (2) стрелаа во продолжението и донесоа победа вредна пласман во наредната фаза.

Во осминафиналето е и АЕК Ларнака на Иван Тричковски и тоа откако ремизираше без голови на гостувањето против Дњипро.

Клуж и Лацио одиграа без голови, а тоа му овозможи на качолигашот место меѓу 16 најдобри во Конференциската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни