Поврзете се со нас

АТП

Паната е убеден: Синер ќе биде светски рекет број еден до крајот на годината

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер ја продолжи својата импресивна серија на резултати и тоа со триумф на АТП турнирот во Ротердам.

Разиграниот Синер продолжи да ги „меле“ ривалите и освои нова АТП титула (Видео)

Тој загуби само еден сет на патот до пехарот во Холандија и потврди дека е во одлична форма со оглед на тоа што претходно славеше и на Аустралијан Опен. Ваквите резултати ја импресионираат јавноста, но и поранешните асови од Италија како што е Адријано Паната кој е воодушевен од сигурноста и начинот на игра на сонародникот.

-Тоа што ме полудува е тоа што сè уште прават споредби меѓу мене, него и Никола Пјетранџели. Кога е тука таков талент како Синер, тој не мора да се натпреварува со нас, па дури и да мисли на нас, туку да се натпреварува со Ѓоковиќ, Федерер, Надал, бидејќи ќе освои многу титули. Па зошто овие споредби? Јаник освои важен турнир, мораше да го освои бидејќи беше најсилен во ждрепката, -вели Паната кој е убеден дека Синер ќе дојде до позицијата број еден на АТП листата која во моментов ја држи Новак Ѓоковиќ.

-Понекогаш е потешко да се победи овој тип на турнири, бидејќи кога си фаворит, тоа е поинаку отколку на покомплицираните турнири. Овој човек ќе има луда кариера, ќе освои многу турнири. Ќе освои и други слемови. Многу е веројатно дека ќе биде прв на крајот на годината. После се што кажавме за Синер, тој стана национален спортски херој. За него се зборува многу и заслужено, бидејќи е момче за почит, скромен е, интелигентен и многу силен“, заклучи некогашниот освојувач на „Ролан Гарос“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни