Поврзете се со нас

АТП

Разиграниот Синер продолжи да ги „меле“ ривалите и освои нова АТП титула (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/abnamroopen

Карлос Алкарас се мачи со својата форма и рано утрово беше поразен од Јари во полуфиналето во Буенос Аирес, но за разлика од него, Јаник Синер продолжи да прави крупни чекори и да презентира континуитет.

Италијанецот ја освои втората титула во 2024-та година и стигна до 15-та официјална победа во низа, откако попладневно без загубен сет славеше во финалето во Ротердам.

Освојувачот на Аустралијан Опен уште еднаш покажа дека игра на врвно ниво и не и даде никаква шанса на конкуренцијата во изминатите неколку дена, а денеска во финалето со 2:0 во сетови го совлада Алекс Де Минор.

Австралиецот беше сериозен предизвик со оглед на тоа што на патот до финалето ги совлада Рубљов и Димтров, но едноставно попладневно не можеше да му нанесе штета на Синер.

Јаник правеше по еден брејк во двата сета и славеше со 7:5 и 6:4, со што стигна до 12-та титула во својата кратка тениска кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни