Поврзете се со нас

Свет

Одигра без грешка: Димитриоски блескаше и го предводеше Валјадолид до нов триумф во АСОБАЛ лигата

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Повремениот македонски репрезентативец, Димитар Димитриоски со одлично издание го предводеше Валјадолид до нов триумф во АСОБАЛ лигата.

Валјадолид беше домаќин на Пуерто Сагутно во средба во која го оправда статусот на фаворит со триумф од 33:26. Димитриоски одигра беше грешка и со шест голови од исто толку обиди беше прв стрелец кај победничката екипа за која пак вториот македонски интернационалец Дарко Димитриевски беше автор на два гола.

Избраниците на Давид Писонеро имаат два од два во најсилиот шпански шампионат каде во наредната рунда имаат тешко гостување кај Бидасоа Ирун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни