Поврзете се со нас

НБА

Ново шоу и неверојатна тројка на Дончиќ, противничките навивачи му скандираа „МВП“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ игра во спектакуларна форма од стартот на сезоната и првпат сериозно е во игра за МВП трката во регуларниот дел од сезоната, нешто што полека го препознаваат и навивачите на противничките тимови.

Далас Маверикс рано утрово го надигра Бруклин и славеше во Њујорк со 107:119, а Дончиќ имаше свое кошаркарско шоу, во кое му се приклучи и извонредниот и расположен, Кајри Ирвинг.

Дончиќ го заврши мечот со 35 поени, 18 скокови и 9 асистенции, па иако остана на само едно додавање од трипл-дабл, навивачите на Бруклин знаеја како да го наградат за неверојатната партија.

– МВП, МВП, МВП, – одекнуваше од „Барклајс центарот“ во Њујорк во чест на Дончиќ, кој посебно ги воодушеви сите во салата со неверојатната тројка која ја постигна неколку минути претходно.

Словенецот утрово имаше огромна поддршка од Ирвинг кој беше најефикасен на паркетот со 36 поени, додека во противничкиот табор се истакна Бриџис со 28 поени.

НБА резултати:

Индијана – Хјустон 132:129
Бруклин – Далас 107:119
Мајами – Орландо 121:95
Њујорк – Мемфис 123:113
Јута – Оклахома 124:117
Чикаго – Минесота 129:123
Феникс – Милвоки 114:106

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни