Поврзете се со нас

Англија

Новиот оперативец на Тотенхем испрати јасна порака за иднината на Кејн: Целта на клубот…

Објавено

на

Хари Кејн со години е најдобриот играч на Тотенхем, ама тие негови изданија, партии не беа наградени со трофеи и затоа напаѓачот изрази подготвеност да си замине од северен Лондон во текот на овој преоден рок.

Меѓутоа останува под голем знак прашалник дали таа негова желба ќе се оствари од проста причина што има договор до 2024 година, Тотенхем не сака да го продаде или пак ако тоа го направи бара луда сума која тешко некој ќе си ја дозволи во ова време.

Оваа тема околу Кејн дефинитивно ќе биде актуелна уште долго време, па својот став околу истата го изрази новиот оперативец, спортски директор на Тотенхем, Фабио Паратичи.

Тој порача дека неговата цел како и онаа на клубот е напаѓачот да остане во сегашната средина.

-Задржувањето на Кејн не е само моја цел, туку и цел на клубот. Тој е врвен играч. Имав среќа во моето време во Јувентус, видов многу одлични напаѓачи и сакам да уживам и во Кејн. Едвај чекам да го видам. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот, има одлична фигура и одлична техника. Може да шутира со двете нозе, им дава многу асистенции на соиграчите.

-Се уште немам разговарано со него затоа што не сакам да ги вознемирувам нашите играчи за време на ЕП, -истакна Паратичи.

Најголем интерес за услугите на англискиот репрезентативец има од страна на Манчестер Сити кој во потрага по наследник на Серхио Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни