Поврзете се со нас

Шпанија

Нови промени во Барселона, си оди човекот кој ги откри Педри и Гави, ќе го наследи познато име

Објавено

на

Откако се заврши тренерската смена и на клупата на Барселона седна легендарниот Чави Ернандез, сега се подготвуваат нови промени во каталонскиот клуб.

Имено, од клубот ќе си замине досегашниот технички директор Рамон Планес кој ќе побара нов предизвик во својата кариера иако неодамна го продолжи договрот со Барселона на две години.

Планес е познат по тоа што во клубот ги донесе Педри и Роналд Араухо, играчи кои се иднината на Барселона, а успеа да помогне и при напредокот на младиот Гави кој е продукт на академијата на Барса.

Од раководството на „каталонците“ веќе се во потрага по замена за Планес, а изборот се стеснил на две имиња.

Најверојатна опција е Жорди Кројф кој е близок со Жоан Лапорта и кој веќе одработува функции во одборот на клубот.

Втората опција е Марк Овермарс кој работи навистина одлично како технички директор во редовите на гигантот од Холандија, Ајакс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни