Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нојер по „седумката“ против Салцбург: Испративме јасна порака

Објавено

на

Баерн Минхен го уништи Салцбург (7-1) на вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите, односно на доминантен начин дојде до место меѓу осумте најдобри во ова натпреварување.

Баварците во последниов период не беа на посакуваното ниво, имаа доста проблеми вклучувајќи го и првиот меч со австрискиот првак, но клубот од Минхен вчеравечер се разбуди и до врв ја наполни мрежата на противникот на „Алијанц Арена“.

-Со оваа победа испративме порака. Мислам дека почнавме добро и ги имавме пеналите и оттаму се тргна. Ние сме многу задоволни од денешниот настап. Мислам дека денеска покажавме поинаква страна од нас и не дозволивме толку шанси по контра напади.

-Бевме постабилни и во одбраната, што очигледно ни дава надеж дека работите можат да продолжат во тој правец, -порача капитенот Мануел Нојер за кого ова беше прв натпревар откако ја надмина повредата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни