Поврзете се со нас

Италија

Напаѓачот на Специја: Роналдо ме шокираше, не очекував таков гест од него

Објавено

на

Кристијано Роналдо беше топ тема во изминатите неколку дена и во ситуација кога е далеку од случувањата во клупскиот фудбал, од едноставна причина што имаше бесен излив на емоции како ретко кога на еден фудбалски терен.

Португалската ѕвезда ја фрли капитенската лента по големата неправда во Белград и вчера пристигна информација дека истата е продадена на аукција и собраните пари ќе одат во добротворни цели, но во меѓувреме, Роналдо се најде во центарот на вниманието и поради една изјава која доаѓа од играч кој бил импресиониран од Роналдо.

Емануел Гиаси игра за Специја и му се спротивстави со својот тим на Роналдо на почетокот на месец март, но како што вели сам, и покрај поразот од 3:0, вечно ќе го памети искуството кое го имал со големата ѕвезда.

– Кога се приближи до мене, тој ме прегрна и јас бев навистина среќен. За време на натпреварот бев многу нервозен, игравме добро и имавме 0:0 на полувреме, а се сеќавам дека еден удар на Роналдо заврши за малку над голот. Гледав како оди во соблекувалната по крајот на првиот дел и сметав дека нема да го добијам неговиот дрес. Но, кога јас влегов во соблекувалната, тој ме чекаше и се шокирав. По натпреварот одново имавме средба и зборувавме. Тој е фантастичен играч, но и фантастична личност.

Четири месеци претходно, Гиаси не успеа да го добие дресот од Роналдо во нивната прва пресметка, но него дополнително го изненадило што тој воопшто се сеќавал на него после толку поминато време.

– Пред да почне мечот, тој ми пријде и ме праша како сум, дури и ме именуваше. Навистина бев шокиран, не ми се веруваше дека се сеќава на мене. Навистина ме изненади, – открива фудбалерот на Специја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни