Поврзете се со нас

Македонија

Напаѓачот Ибиши ново име во редовите на Шкупи

Објавено

на

foto: fcshkupi.com

Екипата на Шкупи ја освежи ованзивната линија со поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Џемал Ибиши.

Ибиши во новата средина доаѓа од редовите на Тиквеш каде на 18 натпревари во ПМФП постигна три погодоци и забележа исто толку асистенции.

-Среќен сум што ќе бидам играч на Шкупи, клуб со големи аспирации. Најпрво сакам да изразам благодарност за топлото добредојде од моите соиграчи, стручниот штаб и раководството на клубот. Привилегија да се биде во таква средина и да се игра пред посветена база на навивачи. Со надеж за добро здравје и спортска среќа, верувам дека ќе ги постигнеме целите што му припаѓаат на овој клуб и на сите негови навивачи. Му благодарам на клубот раководството, стручниот штаб и сите кои придонесоа за моето доаѓање во Шкупи .Ветувам многу работа и колегијалност кон заедничките успеси, -порача Ибиши.

Џемал потекнува од школата на Вардар по што преку првата екипа на „црвено-црните“ се пресели во Хрватска каде беше дел од Локомотива, Дубрава, Оријент пред да се врати во нашата земја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни