Поврзете се со нас

Свет

Најомразениот играч во НБА лигата: Дали ќе можев да го запрам Меси? Тоа е…

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси е еден од најголемите фудбалски асови на сите времиња, човек кој освои се што може како на клупски така и на репрезентативен план.

Тој полека сега се повлекува и доказ за тоа е неговата преселба во Соединетите Американски Држави каде е дел од Интер Мајами со кого ќе има други предизвици во други натпреварувања.

Аргентинецот полека го освојува и тој дел од светот, добива поголем простор кај медиумите, а со тоа дефинитивно добива фудбалот кој дефинитивно не е прв спорт во САД. Кошаркатата, НБА лигата дефинитивно е на повисико ниво, а оние кои редовно ги пратат случувањата во истата добро знаат дека еден од најомразените играчи, негативци дефинитивно е членот на Хјустон Рокетс, Дилон Брукс.

Брукс е познат по тоа што сака да игра одбрана, да провоцира, да ги излудува противниците, па токму Канаѓанецот доби прашање за Лео и дали би можел да го неутрализира, да го запре.

-Може ли да го запрам Меси ако играв фудбал? Веројатно ако играв цел живот фудбал, тоа ќе можев да го направал. Тоа е само решителност. На крајот, треба да ги користите вашите соиграчи за специјални момци како Меси или Адетокумбо, потребен ви е вашиот тим за да се одбраните, -порача Брукс за „Мундо Депортиво“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни